
На Мбапе му се заканува судбината на Златан Ибрахимовиќ
Последниот суперстар кој си замина беше Килијан Мбапе кој не гледаше иднина во ПСЖ и одлучи да се пресели во Реал Мадрид, во надеж дека таму ќе освојува титула, пред се во Лигата на шампионите. Се случи спротивното, Реал беше елиминиран уште во четвртфиналето, додека шампионот на Франција ќе игра во големото финале, на 31 мај.
Во случај да победи ПСЖ, на Мбапе ќе ја доживее судбината на Златан Ибрахимовиќ, една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал која никогаш не освои титула во ЛШ.
Во 2009 година, Швеѓанецот беше фудбалер на Интер кога Барселона триумфираше во Лигата на шампионите. Летото таа година одлучи да се пресели токму во Барса, со истите надежи како лани Мбапе. Место трофеј, таа сезона (2009/10), каталонскиот тим беше елиминиран од Интер во полуфиналето и „нераѕурите“ подоцна ја освоија Лигата на шампионите. Авантурата на Ибрахимовиќ траеше само една сезона, во 2010 година го напушти Камп Ноу, а Барселона во 2011 повторно го освои најдрагоцениот трофеј.
Од овој аспект, сигурно е само дека Мбапе ќе има уште некоја шанса да триумфира со Реал затоа што не планира да си замине од клубот претстојното лето.