Легенда на Лејкерс обвинета за сексуален напад на 15-годишно девојче

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Бајрон Скот е во центар на скандал по обвинувањата дека извршил сексуален напад врз 15-годишно девојче.

„Дејли Мејл“ објави дека нападот се случил во 1987 година во училиште во Лос Анџелес, а според обвинувањата, Скот ја посетил образовната институција за време на еден настан со Лејкерс.

За време на сексуалниот напад, жртвата Хејли Дилан имала само 15 години и таа сега реши да го тужи поранешниот кошаркар.

„Нашиот клиент е шокиран од обвинението, кое се случи во 1987 година. Тој верувал дека жртвата имала повеќе од 18 години и не знаел дека ќе тврди поинаку долги години по инцидентот“, открива адвокатката на Скот.