
Лудогорец ја освои 14. титула по ред, му фали уште една за светски рекорд
Откако во 2011 година влезе во Првата лига, клубот од Разград доминира во шампионатот на нашиот источен сосед и во моментов е далеку по квалитетот пред најтрофејните бугарски екипи ЦСКА и Левски. Серијата од 14 трофеи е најдолга во моментов во европскиот фудбал, а на Лудогорец му недостасува уште една за да го израмни светскиот рекорд. Интересно е тоа што рекордот го држи клубот Тафеа од Вануату кој од 1994 до 2009 година, 15 пати во низа беше шампион на својата земја (1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007 и 2008–09).
Титулата на Лудогорец ја прослави и Македонецот, Михаило Шејкероски кој е кондиционен тренер на екипата од Разград.