Брентфорд му зададе удар на Нотингем форест во трката за ЛШ! (ВИДЕО)

Нотингем форест доживеа пораз на домашен терен од Брентфорд со 2-0 кој може да се покаже како клучен во трката за позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Нотингем беше во одлична позиција за да го оствари тој огромен успех, но по денешниот резултат веќе не е така.

Брентфорд го доби мечот со голови на Шаде пред крајот на првиот дел и Виса во 70. минута.

На четири кола до крајот Нотингем форест е на шестата позиција, со само два бода помалку од третиот Њукасл, еден помалку од Манчестер Сити и ист број на бодови со петтиот Челси.

Првите пет места во Англија водат во Лигата на шампионите, шансите за Нотингем уште се реални, но се намалија.