
Пиоли ќе добие отказ, Рома се радува!
Ал Наср ќе заврши уште една неуспешна сезона, Саудијците се надеваа на трофеј во азиската Лига на шампиони, но загубија на домашен терен од Кавасаки.
Овој пораз го погоди Роналдо, но и челниците на клубот кои се подготвуваат за разделба со Стефано Пиоли и ќе се обидат со нов тренер.
Но, италијанскиот стратег има опции, тој е на врвот на листата на Рома за наследник на Клаудио Раниери.
Се верува и дека веќе бил контактиран од римскиот клуб, но за преговорите да станат посериозни ќе се почека прво потегот на Ал Наср.