
„Ако Јамал го направи тоа, тогаш веднаш дајте му ја Златната топка!“
Поради неговата извонредна форма, Јамал стана главна тема во спортските кругови, а поранешниот англиски репрезентативец и капитен на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, не ја криеше својата воодушевеност.
„Не знам дали постои друг играч кој предизвикува толку возбуда секој пат кога излегува на терен“, изјави Фердинанд.
Легендарниот дефанзивец додаде дека доколку младиот фудбалер повторно блесне во реваншот против Интер и во финалето на Лигата на шампионите, тогаш апсолутно заслужува да ја добие „Златната топка“.
„Тоа ќе ги замолчи и оние кои се повикуваат само на статистиката. Не е сè во бројките – важна е играта на теренот и начинот на кој тој се изразува низ фудбалот“, дополни Фердинанд.
Барселона во сабота ќе му гостува на Ваљадолид во Ла Лига, во можеби клучниот натпревар во борбата за титулата, додека реваншот со Интер е закажан за во вторник (6 мај) на стадионот „Џузепе Меаца“.
ФОТО: X / @FCBarcelona