
Барса можела да го купи Лаутаро за - осум милиони евра!
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Барса била блиску до ангажман на Лаутаро Мартинез додека тој се уште играл во Аргентина.
Сумата која тогаш требало да ја платат изнесувала само осум милиони евра.
Сепак, во клубот немало консензус дека треба да се ангажира токму Лаутаро, Барса во тоа време разгледувала и други опции.
Приказната станува актуелна во ек на полуфиналето меѓу Барселона и Интер. Првиот дуел заврши 3-3, патникот во финалето ќе се решава во Милано.