Флик потврди дека ќе ротира, но е претпазлив: Може да се загуби титулата на вакви натпревари!

Барселона утре му гостува на веќе испаднатиот Ваљадолид, Ханси Флик ќе го искористи мечот за да одмори дел од најкористените фудбалер пред дуелот со Интер од Лигата на шампионите.

Се очекува на голот да биде Тер Штеген, а во стартери да бидат и неколку играчи кои вообичаено се на клупата за резерви.

„Ја разгледуваме ситуацијата и се разбира дека треба да направиме ротации“, потврди Флик на денешната прес-конференција.

„Ќе биде добро за Шчесни да одмори. Марк е многу добар на тренинзите и може да брани на ова ниво“.

 

„Сите кои се подготвени за игра ќе патуваат. На тренингот гледам добра енергија која ќе ни биде потребна утре“.

„Поради мечеви како овие може да ја загубите титулата. Ваљадолид уште игра во Ла Лига и мора да го сфатиме сериозно“.

На пет кола до крајот Барселона има четири бода повеќе од Реал Мадрид.