Јака Малус е нов среден бек на Вардар!

Вардар продолжува да го крои тимот за наредната сезона, црвено-црните денеска го промовираа словенечкиот среден бек Јака Малус за ново засилување.

Се работи за 28-годишен словенечки ракометар кој е на поширокиот список на репрезентацијата на Словенија.

Игра на позицијата среден бек и има големо искуство во настапи во Лигата на шампионите и Европската лига.

Тој стави потпис на двегодишен договор со Вардар.

„Голема честа ми е што станувам дел од еден од најголемите ракометни клубови во регионот – РК Вардар. Свесен сум за традицијата, амбициите и очекувањата што ги носи овој клуб. Ќе ми биде посебна гордост да го носам црвено-црниот дрес и да го претставувам клубот со толку богата историја и верна армија навивачи. Доаѓам подготвен да го дадам својот максимум, како на теренот така и надвор од него, и заедно со тимот да придонесам за нови успеси. Благодарен сум за укажаната доверба и се радувам на сè што нè очекува во наредниот период, изјави Јака Малус при потпишувањето на договорот.

Потекнува од познатата ракометна школа во Словенија од каде се излезени многу ракометари што играат на таа позиција. Почнувајќи од Целје, преку Мешков Брест, па шпански Синфин и до германски Гепеинген и словенечки Слован, тој ја гради успешната играчка кариера во која има освоено 18 трофеи. Има 6 титули во Словенија, шестпати бил освојувач на Купот на Словенија, и четирипати го освојувал Супер купот на Словенија. Додека беше дел од Мешков, двапати беше првак на Белорусија.

Последен клуб му е амбициозниот Слован од Љубљана кој веќе го освои Купот, а им аамбиции д абид еи првак на Словенија. На последниот настап во Купот на Словенија, Јак Малус беше прогласен за МВП на турнирот.