Василев предвреме ја заврши соработката со Арка!

Веќе нема македонски кошаркарски тренери во Полска, брзо откако Александар Јончевски се раздели со својот клуб, слична судбина го снајде и Никола Василев кој замина од Арка.

Раководството на клубот одлучи да се раздели со македонскиот стратег поради серијата лоши резултати.

Тимот од Гдиња нареди четири порази по ред поради кои се најде на претпоследното место на табелата на две кола пред крајот од основниот дел од сезоната.

Никола Василев на клупата на Арка седна на 12 ноември, ја водеше на вкупно 22 меча, оствари осум победи и 14 порази.

За привремен тренер на Арка е назначен досегашниот асистент на Василев, Бартош Сарзало.