
Штип УГД ја победи Струмица и остана во игра за шампионската титула
Струмица со 2-0 допатува денеска во Штип, но не успеа уште еднаш да го победи својот ривал и да ја освои титулата.
Штип УГД го доби мечот со 25-21, 25-23 и убедливи 25-15 и се израдува на прв триумф во финалната серија.
Во понеделник на програмата е четвртиот меч од финалната серија кој се игра во Струмица.
Се игра во три добиени меча, а тоа значи дека струмичани пред своите навивачи ќе имаат шанса по 12. пат да станат шампиони, а штипјани мора да победат ако сакаат да се изборат за мајсторка.