
На Анри не му се допаѓа новото правило: Како со три постигнати гола на гости немаш предност?
„Иако знам дека правилото веќе одамна е укинато и мора да го прифатиме, разговарав со Џејми Карагер и му реков: ‘Како може да постигнеш три гола на гости и да немаш никаква предност?’ Головите на гости за мене беа многу важни. Сега даваш три гола, а во реваншот пак тргнуваш од 0:0“, истакна Анри.
Анри призна дека не очекувал Интер да одигра толку цврсто и храбро против Барселона, особено со оглед на нивната форма во последно време:
„Морам да бидам искрен – не мислев дека ќе излезат со таков пристап. Сепак, заслужуваат признание затоа што им се спротивставија на Барселона и одиграа вистински натпревар.“
Да потсетиме, Интер вчера двапати водеше – со 2:0 и 3:2, но Барселона не се предаде и успеа да извлече реми во вистинска драма на „Монжуик“.