Алонсо носи две големи засилувања во Реал Мадрид

Шпанскиот тренер Чаби Алонсо е главен кандидат за кормилото на Реал Мадрид и се очекува да го преземе по крајот на сезоната, а веќе се шпекулира дека ќе донесе и две големи засилувања.

Медиуми пишуваат дека Алонсо заедно со него ќе ги донесе и Флоријан Вирц и Џонатан Тах од Баер Леверкузен.

„Кралевите“ не планираат тука да застанат, откако претходно преговараа со Трент Александар-Арнолд, а наскоро ќе почнат преговори и со Мартин Зубименди.