Mикхтаријан за поништениот гол: Ќе го паметам до крајот на животот

Натпреварот заврши 3-3, а во самиот финиш Интер можеше да дојде до голема победа, но голот на Хенрик Михтарјан беше поништен поради милиметарски офсајд. Системот за полуавтоматско одредување на офсајд покажа дека ерменскиот фудбалер бил во недозволена позиција буквално со врвот на копачката.

Да не беше таа минимална разлика, Интер ќе поведеше со 4-3 и ќе направеше огромен чекор кон финалето. По натпреварот, Михтарјан искрено проговори за оваа ситуација и не криеше дека е разочаран.

„Офсајд од два-три сантиметри... Гол кој ќе значеше водство во најважниот момент. Тоа е нешто што ќе го паметам до крајот на животот. Но, и покрај сè, остануваме со дигнати глави. Одигравме одличен натпревар и веруваме дека во реваншот можеме да бидеме уште подобри“, изјави искусниот фудбалер.

Михтарјан додаде и дека Барселона е исклучително квалитетна екипа, но потенцираше дека и Интер има сили да се избори за пласман во финалето.