Турам: Јамал не е најдобар, двајцата најдобри во светот се Французи

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам, вчера ја покажа својата класа уште во првата минута од спектаклот против Барселона на стадионот „Монжуик“, кога со мајсторски потег со пета го донесе својот тим во водство, a се најде и во центарот на вниманието со изјавата по средбата.

Имено, на прашањето дали тинејџерската сензација на Барселона, Ламин Јамал, во моментов е најдобриот фудбалер во светот, Турам даде одговор кој веднаш предизвика реакции:

„Не... Најдобриот фудбалер на светот е Французин. И вториот исто така! Потоа доаѓа Ламин Јамал. Двајцата најдобри се Дембеле и Мбапе“, изјави Турам без двоумење.

Со оваа изјава, Турам ја релативизираше актуелната дебата за тоа кој е најдобриот играч во моментов, тема која често ги полни насловните страници во фудбалскиот свет. Но, многумина се прашуваат и каде во таа листа се ѕвезди како Рафинја или пак незапирливиот Мохамед Салах? Очигледно е дека Тирам силно верува во квалитетите на своите сонародници, но прашање е дали тоа во овој момент е навистина така.