
Тешка повреда на Лилард - Американците најавуваат и можен крај на кариерата! (ВИДЕО)
Лилард падна на паркетот без никаков контакт со противнички кошаркар и веднаш сигнализираше дека нешто не е во ред. Првите најави не се добри, а дел од медиумите шпекулираат и дека се работи за повреда на Ахиловата тетива која може да доведе и до крај на кариерата на 34 годишниот кошркар. Навивачите се посебно загрижени и затоа што Лилард не беше во можност самостојно да го напушти теренот.
Оваа повреда доаѓа во момент кога Лилард се врати на теренот по едномесечна пауза поради дијагностицирана длабока венска тромбоза во десната потколеница, состојба за која примаше терапија со лекови за разредување на крвта. Иако прогнозите беа дека нема да се врати до крајот на сезоната, Лилард успеа да се врати токму за вториот меч против пејсерс, но, за жал повторно се соочи со проблеми.
Во регуларниот дел од сезоната, Лилард одигра 58 натпревари за Милвоки, со просек од 24,9 поени, 7,1 асистенција и 4,7 скока, потврдувајќи ја својата вредност како еден од најдоминантните бекови во лигата.
damian lillard injurypic.twitter.com/rGkMJ7t428
— ◇ (@H00DH3R0) April 28, 2025
Фото: EPA PHOTO