Tиквеш ја заврши работата против Гостивар и обезбеди опстанок

Koшаркарите на Тиквеш денеска ја оправдаа фаворитската улога и на свој терен го совладаа Гостивар со 96-74 со што и математички го обезбедиј опстанок во елитното друштво.

Гостивар подобро го започна натпреварот и првата четвртинаја доби со 17-29, но домаќините се разбудија во втората во која гостите постигнаа 15 поени и ја загубија со 32-15, па така на одмор Тиквеш имашре предност од 49-44.

Во продолжение второто полувреме донесе сигурна игра на домашниот состав, а Гостивар немаше сили посериозно да се закани.

Најефикасен беше Вилијам Елис од гостинскиот состав со 28 поени, додека Исиа Хил за Тиквеш уфрли 21 поен.