Њукасл ја продолжи битката за ЛШ и го испрати Ипсвич во Чемпионшип (ВИДЕО)

По Саутемптон и Лестер, екипата на Ипсвич е последната која оваа сезона ќе се пресели во понизок ранг и тоа стана јасно по денешниот пораз од Њукасл со 3-0.

Њукасл е во битка за место во Лигата на шампионите и одиграа одличен натпревар во кој доминираа и заслужено освоија три бода. Стрелци за тимот на Еди Хау беа Исак, Брн и Осула.

Треба да се спомене и дека задачата на Њукасл беше олеснета со црвениот картон кој го заработи Џонсон во 37. минута од натпреварот.

 

На останатите три средби Брајтон интересен натпревар го совлада Вест Хем о 3-2, Фулам славеше над Саутемптон со 1-2 и Вулвс на свој терен се радуваше против Лестер со 3-0.