Продолжува „мртвата трка“ во Втората лига - две реми и еден пораз на првите четири екипи!

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари и од ВМФЛ каде што ниту една екипа од врвот не успеа да слави победа.

Македонија Ѓорче Петров гостуваше во Штип кај Брегалница и оваа средба заврши без победник 0-0.

Ремито во дербито не успеа да го искористи Башкими кој претрпе пораз на гости кај Осогово од 1-0. Натпревар без голови одигра и Арсими против Детонит Плачковица.

На останатите средби Вардар Неготино го победи Борец со 1-0 и освои важни бодови во битката за опстанок, Победа триумфираше 0-1 на кај Вардарски, реми одиграа Кожуф и Беласица, Охрид со 2-1 го совлада Скопје, а немаше погодоци на средбата помеѓу Саса и Новаци.

ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 57, Башкими 56, Арсими 55, Брегалница 52, Беласица 39, Охрид 39, Скопје, 34, Кожуф 33, Каменица Саса 33, Победа 30, Вардар Неготино 30, Новаци 29, Осогово 22, Борец 13, Вардарски 11.