
Навивачите во шок: Хајдук одредени екстремни цени на билетите за дербито со Динамо (ФОТО)
Цената на билетите за натпреварот достигнува и до 100 евра за местата на запад премиум трибината. Стандардниот билет за западната трибина чини 70 евра, за источната трибина 50 евра, додека билетите за северната и јужната трибина чинат 20, односно 15 евра. Продажбата почнува од понеделник.
Дополнително, билетите ќе бидат достапни исклучиво за членови на клубот, што дополнително предизвика револт меѓу вљубениците во фудбалот.
ФОТО: X / HNK HAJDUK