
Жестока казна за Куманово поради неинтонирање на македонската химна!
Причината за ова не е политичка, какви што сме имале ситуации во минатото, туку е поради крајна баналност – немање разглас во училишната сала „Перо Наков“ во овој град. Поради ова, кумановци ќе треба да платат дополнителни 7.000 денари, во што е влегува немањето адекватни топки за загревање на гостинскиот тим на Кожув. Поради плукање на судиите од страна на навивачите, пак, Работнички е казнет со 24.000 денари, а ќе плати и дополнителни 8.000 денари за неспортско навивање како и уште 1.000 денари за немање лице за бришење на паркетот.
Казна од 16.000 денари доби и Пелистер поради техничка грешка на клупата, како и Кожув во износ од 6.400 денари поради техничка грешка на Димитар Караџовски.