Јокиќ пак оставен сам, Денвер доживеа катастрофа во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Клиперс поведоа со 2-1 во четвртфиналната серија против Денвер Нагетс откако во првиот меч на домашен терен славеа со 117-83.

Шампионот од 2023 година немаше апсолутно никакви шанси на овој натпревар, уште во првата четвртина прими 35 поени, а на полувреме се замина со убедлива предност на домашниот тим од 65-47. Кога стана јасно дека Денвер нема шанси, тренерот Аделман во вториот дел ги одмори главните играчи, па Клиперс славеа со 34 поени разлика.

Додека играше, Јокиќ беше убедливо најдобар играч на натпреварот и оствари трипл дабл со 23 поени, 13 скока и 13асистенции. Мареј исто така постигна 23 поени, но остатокот од неговата игра беше очаен за што говори фактот што имаше само уште четири додавања.

Клиперс многу порамноправно ги поделија поените бидејќи дури шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број. Најдобар беше Кавај Ленард со 21 поени и 11 скока, Харден и Пауел додадоа по 20, а Зубац 19. Екипата од Лос Анџелес е многу подобра во оваа серија, можеше досега да води и со 3-0 да не беше лошиот финиш во првиот меч, но шанса за убедлива предност ќе има во следниот натпревар кој исто така го игра на домашен терен.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит - Њујорк 116-118 (1-2)
Мемфис - Оклахома 108-114 (0-3)
ЛА Клиперс - Денвер 117-83 (2-1)

фото: EPA PHOTO