Кадетите ги дознаа противниците во битката за пласман на ЕП 2026

Во седиштето на Европската ракометна репрезентација денеска беа извлечени групите за квалификациите за кадетското Европско првенство во 2026 година.

Македонија за пласман на првенството на кое Србија ќе биде домаќин ќе игра против: Грција, Финска и Луксмебург.

Квалификациите ќе се одиграат во три дена од 31 октомври до 2 ноември и место на Европското првенство ќе обезбедата првите и вторите репрезентации од петте групи. Дополнително ќе биде одредено каде ќе се одржуваат квалификациските турнири.

Европското првенство е закажано за од 8 до 17 јули во 2026.

Фото: РФМ