Прекрасни вести од Шумахер: Патувал од Шпанија во Швајцарија да си ја види внуката

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, чија здравствена состојба е мистерија веќе 11 години, патувал од Мајорка до Швајцарија со хеликоптер пред крајот на март.

Информацијата ја пренесе угледниот Билд, а предизвикува голема радост ако се знае дека минатиот месец имаше лоши информации за неговото здравје. Причината за патувањето е рожбата на внуката од неговата ќерка која дојде на овој свет на 29 март. Идејата на семејството Шумахер била Михаел да добие нови сили во контактот со својата внука.

Неколку дена подоцна тој бил вратен во Мајорка каде строго се внимава на него и не се дозволува никаков контакт со надворешниот свет.