Грилиш не запира: Повторно направил шоу во ноќен клуб (ВИДЕО)

Aнглиските медиуми редовно го следат Џек Грилиш и често се пишува за негово присуство на забавите и пабовите низ Островот.

Сега повторно поради истата работа е тема на медиумите и тоа откако одигра само три минути во натпреварот против Кристал Палас кој Манчестер сити го доби со 5-2. Според информациите на островските медиуми Грилиш оваа вечер потрошил 6.000 евра.

Сведоци за „Сан“ кој објави и кратко видео од вечерта откриле дека фудбалерот бил во друштво на четворица пријатели и уште неколку девојки. Исто така до него бил и телоранител кој внимавал се да биде во ред на масата.

„Изгледаше како да ужива, беше навистина опуштен. Си заминаа дома кога заврши настапот, цело време нарашуваа флаши, а сметката беше со пет цифри. Грилиш направи вистинско шоу за сите околу него“, открил еден од присутните на забавата.

Следниот натпревар со Манчестер сити Грилиш го очекува в сабота во рамките од 33. коло во англиската Премиер лига.

Видеото објавено од „Сан“ можете да го погледнете - ТУКА.