
Партизан поразен и во Минхен, плејаутот сѐ подалеку
Со овој неуспех, белградскиот тим направи уште еден чекор назад во борбата за плејинот и во последните две кола, против Жалгирис и Реал не смее да си дозволи пораз ако сака да остане во игра за пост-сезоната. Вечерва загуби по добро познато сценарио - се држеше три четвртини, водеше и со девет разлика, но не го издржа притисокот во последниот квартал.
Повторно „црно-белите“ немаа одговор за расположениот Карстен Едвардс кој постигна 25 поени, а особено беше активен во финишот кога Баерн го скрши отпорот на Партизан.
Од другите вечерашни натпревари во Евролигата, Монако му ја продолжи агонијата на Олимпијакос, нанесувајќи му го третиот пораз во низа, а Ненад Димитријевиќ остана без поени за нешто помалку од две минути колку што настапи во дуелот со Барселона.
РЕЗУЛТАТИ
Асвел - Жалгирис 88-79
Олимпијакос - Монако 77-80
Баерн - Партизан 89-74
Олимпија Милано - Барселона 88-98