Во Премиер лигата официјално ќе има два преодни рока

Клубовите од Премиер лигата ги договорите датумите за трансфер пазарот претстојното лето, а официјално е донесена одлука да има два преодни рока.

Првиот ќе биде отворен меѓу 1 и 10 јуни и тој ќе важи само за учесниците на Светското клупско првенство Манчестер Сити и Челси. Вториот ќе важи од 16 јуни до 1 септември и тој ќе биде редовен, како секоја година.

Англиските медиуми објавија дека некои клубови побарале вториот преоден рок да биде затворен пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата која стартува на 14 август, но таква одлука, сепак, не била донесена.