
„Л’Екип“ објави кои фудбалери се најплатени во Европа
Најголема месечна бруто плата во топ-5 лигите има Мбапе, кој заработува 2,67 милиони евра, по што следи напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд со 2,57 милиони евра.
Третата позиција е резервирана за Винисиус Жуниор со 2,5 милиони евра, по што следат Кевин Де Брујне (2,06 милиони), Касемиро (1,8) и Мохамед Салах (1,8).