
„Кој го сака Шишковски, да плати два милиони евра!“
Шишковски од доаѓањето во Борац беше втора опција и најголем дел од натпреварите помина за клупата на резерви, но вчера го покажа својот квалитет.
Беше одличен на голот и не дозволи да биде совладан, а каков настап имаше доволно зборува објавата на социјалните мрежи на тренерот на голманите на Борац, Синиша Маркобрада.
„На продажба, цената е фикасна. Два милиони евра“, стои во објавата со фотографијата од Шишковски.
По вчерашната победа Борац дојде до 54 бода со кои е на втората позиција, додека Зринњски е лидер со 57, Сараево со 46 е на третото место.