
Дончиќ блескаше, Леброн со звукот на сирената им донесе победа на Лејкерс (ВИДЕО)
Најдобар играч на натпреварот беше Лука Дончиќ, но славата му ја украде Леброн Џејмс кој со звукот на сирената му донесе победа на својот тим. Токму Дончиќ ја презеде одговорноста во последниот напад, се обиде да поентира, неговиот шут беше непрецизен, но под кошот се најде Леброн кој ја спроведе топката низ обрачот.
Словенечкиот репрезентативец повторно се покажа како лидер на тимот и покрај тоа што е дел од Лејкерс неполни два месеца. Постигна 34 поени со шут од игра 11/21, а имаше и 7 скока и 7 асистенции. Леброн на теренот помина помалку од 38 минути и за тоа време постигна 13 поени, 13 скока и 7 асистенции.
Лејкерс со оваа победа се израмнија со Мемфис со биланс 44/28, но се уште заостануваат зад Хјустон и Денвер од кои имаат еден, односно два натпревара помалку.