
Историски трипл дабл и магична асистенција на Јокиќ (ВИДЕО)
Денвер славеше со 127-117, а Јокиќ играше како никогаш да не паузирал. За 38 минути на теренот постигна 39 поени, 10 скока и 10 асистенции за својот 30. трипл дабл оваа сезона. Со тоа го собори рекордот на франшизата по бројот на трипл дабл натпревари во една сезона, но мора да се знае дека и претходниот беше во негова сопственост. Јокиќ изгледаше како да му недостасувала кошарката, па беше исклучително расположен за игра. Тоа особено беше изразено во третата четвртина кога со магична асистенција, во стилот на Меџик Џонсон го проигра Гордон под противничкиот кош.
Милвоки на овој натпревар беше ослабен со неиграњето на Јанис Адетокумпо и Дејмијан Лилард и тоа му ја олесни работата на домашниот тим. Денвер отвори со 38 поени во првата четвртина, со седум постигнати тројки, но Милвоки се врати во игра во втората четвртина и на голем одмор се замина со само три поени разлика (67-64). Во третиот квартал гостите дури и поведоа, но до крајот на мечот се си дојде на свое место, на задоволство на навивачите на Денвер.
Покрај Јокиќ, се истакна и Портер со 23 поени, вклучувајќи шест тројки од осум шута, додека ветеранот Брук Лопез беше најефикасен во гостинскиот тим со 26 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија - Вашингтон 114-119
Бруклин - Торонто 86-116
Индијана - ЛА Лејкерс 119-120
Њу Јорк - ЛА Клиперс 113-126
Денвер - Милвоки 127-117
Феникс - Бостон 103-132