Лосон издржа само две трки: Ред Бул ќе настапи со нов возач во Јапонија

Новата сезона во Формула 1 почна неодамна, а веќе во центар на внимание е младиот возач Лиам Лосон, кој го загуби местото во Ред Бул по само две трки.

Лосон требаше да го замени Серхио Перез во Ред Бул, меѓутоа имаше лоши настапи на првите две трки, поради што раководството на тимот реши да го замени со Јуки Цунода.

Цунода имаше добар старт со Рејсинг булс, па поради тоа беше решено да вози за Ред Бул во Јапонија, додека Лосон ќе вози за Рејсинг булс.