
Бивш кошаркар на Црвена Звезда пронајден мртов!
Неговото тело било пронајдено од страна на случаен минувач, кој веднаш ја известил полицијата и обвинителството.
Телото на поранешниот кошаркар било испратено на обдукција, по што ќе биде потврдена причината за неговата смрт.
Според првичните информации, на телото на Машуловиќ немало видливи повреди и најверојатно не станува збор за насилна смрт.
Машуловиќ беше во центар на внимание и поради смртта на неговиот татко, кој беше пронајден искасапен.