
Феликс разочара во Милан, агентот веќе го понудил на друг клуб
Турските медиуми сега пишуваат дека агентот на фудбалерот, Жорге Мендеш го понудил Феликс на турскиот гигант Галатасарај.
Во овој момент Португалецот настапува на позајмица во Милан до крајот на актуелната сезона за сума од два милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Поради тоа се најавува дека ќе замине.
Наводно, агентот на Феликс веќе го известил Челси дека фудбалерот е заинтересиран за преселба во Галатасарај во сезоната 2025/2026.