Најбизарниот гол во квалификациите за СП: Ваков кикс одамна не сме виделе (ВИДЕО)

Во текот на вчерашниот ден се играа натпревари во квалификациите за Светското првенство, а најбизарниот гол беше виден на натпреварот помеѓу Молдавија и Естонија.

Се играше 30-тата минута кога Естонија изведе корнер од десната страна и Кевор Палуметс го пронајде Рауно Сапинен кој шутираше со глава.

Ударот воопшто не беше силен и опасен и чуварот на мрежата на Молдавија лесно ја фати топката. Но, очигледно не знаеше каде се наоѓа и направи фатална грешка враќајќи се чекор назад зад линијата.

Помошникот судија веднаш го крена знаменцето, а главниот судија го потврди погодокот. На крај, Молдавија може и да жали затоа што Естонија славеше победа со 3-2.