Пелистер ги пушти билетите во продажба за дербито со Вардар, сподели важни информации за фановите

Фудбалскиот клуб Пелистер објави информации за начинот на продажба на влезници за дербито со Вардар, но сподели и важни информации за навивачите кои на битолскиот стадион ќе го проследат мечот.

Со купен билет се донира за настраданите во големата трагедија во Кочани, па сезонските билети нема да важат за овој натпревар. 

„Продажбата на билети за натпреварот во сабота веќе е започната на локациите на Димпо Тобако во Битола.
Поради зголемена заинтересираност за натпреварот, и пред сѐ поради тоа што средтсвата од билетите од овој натпревар ќе бидат донирани кон семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани, секој (вклучувајќи жени и деца) ќе мора да поседува и да си купи билет. 

ВАЖНО:  За овој натпревар нема да важат ниту сезонските билети (поради веќе горе наведеното), а ВИП билетите ќе важат само за користење на делот во ВИП ложата со исто така купен билет за овој натпревар. 

Апелираме во сабота (29.03.2025) сите гледачи да дојдат на стадионот порано, со веќе обезбедени билети. Во спротивно клубот не може да гарантира навремен влез на стадионот. Вратите на стадионот се затвораат во 14:30 часот, половина час пред почетокот на дуелот. 
Апелираме натпреварот да помине мирно, без извици и пароли на национализам, расизам, и пред сѐ да помине без било какви непотребни и недолични извикувања и однесување поради веќе настанатата трагедија и почит кон жртвите и повредените од трагичниот настан. 

Внесување на тврди предмети(запалки, лименки, шишиња, алкохол, оружје итн.) е строго забрането. 
Забранет е влез на паркинг со автомобили од страната на тениските игралишта. 

На денот на натпреварот распределени и отворени сектори за влез ќе бидат: 
Сектори 4,5,6,7,8 - ќе бидат отворени за сите.
Сектор 9 - само за навивачка група Чекмбари. 
ВАЖНО: 
Картите да се купуваат стриктно од Димпо Тобако со цел да се избегнат малверзации и други слични непријатности“, стои во соопштението на битолскиот тим.

На натпреварот ќе има само навивачи на Пелистер, навивачката група на Вардар, „Комити“ претходно соопшти дека поради почит кон жртвите во Кочани, нема да одат на гостување во Битола и да навиваат.

Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар се игра во сабота со почеток од 15 часот.