Историја: Црна Гора првпат ќе има фудбалска репрезентација на големо натпреварување!

Репрезентацијата на Црна Гора до 19 години се пласираше на Европско првенство, за Црногорците ова е посебен успех бидејќи никогаш претходно не играле на голема фудбалска смотра.

На лето Црна Гора ќе игра на Европското првенство до 19 години откако го освои првото место во елитната квалификациска група.

Во клучниот дуел тие ја совладаа Грузија со 3-1. Во групата во која Црногорците го освоија првото место покрај Грузија беа уште и селекциите на Полска и Словачка.

Црна Гора досега никогаш во ниту една генерација немала репрезентација која играла на Европско или Светско првенство.

Европското првенство за играчи до 19 години ќе се одржи од 13 до 26 јуни во Романија.