Баерн е на маки: Заврши сезоната за Дејвис, повреден е и Упамекано!

Доаѓа периодот во кој се одлучуваат титулите во фудбалот, а Баерн Минхен нема да може да смета на свои клучни фудбалери.

Баерн потврди дека Алфонсо Дејвис ги повредил лигаментите и шест месеци ќе биде надвор од теренот. Тоа значи дека за него сезоната е завршена.

Повреда на левото колено има и Дајот Упамекано, прогнозите се дека тој ќе биде во аут неколку недели.

На осум кола до крајот на сезоната во Бундеслигата, Баерн Минхен има шест бодови предност пред Баер Леверкузен, а Баварците се борат и во Лигата на шампионите.