
Ова е најлошиот шут во историјата на НБА – го посрамоти својот славен татко (ВИДЕО)
Кошаркарот на „џезерите“, Кенион Мартин Јуниор, во обид за постигне тројка, целосно го промаши кошот и тоа за многу, што предизвика потсмев и неверување кај гледачите. Синот на легендарниот Кенион Мартин, поранешен прв пик на НБА драфтот, остана сам во аголот, но неговиот шут беше крајно непрецизен – ниту имаше сила, ниту насока, завршувајќи далеку од обрачот. Видеото од овој момент брзо се прошири на социјалните мрежи, а реакциите не изостанаа. Многумина се прашуваат „дали татко му го видел ова“ и дали ова е „најлошиот шут во историјата“.
Мартин Јуниор го заврши натпреварот со само пет поени, а оваа сезона бележи просек од 6,4 поени, три скока и една асистенција по меч. Во својата четврта НБА сезона, неизвесно е колку долго ќе остане во тимот на Јута, кој се подготвува за целосна реконструкција.