
Ѓоковиќ нема да го игра четвртфиналниот меч на мастерсот во Мајами!?
Корда почувствувал проблеми за време на мечот со Гаел Монфис, при што се пожалил на болки во прстот. Влошената состојба го принуди да го откаже настапот во двојки, каде требаше да игра со Џордан Томпсон.
„Ми минуваа негативни мисли поради повредата, наместо да останам позитивен. Морав да се рефокусирам и да го дадам најдоброто од себе“, изјави Корда, признавајќи дека проблемот влијаел врз неговата игра.
Американецот засега не донел конечна одлука, но не ја исклучува можноста да се повлече од турнирот.