Тајсон: Ниту во моите најдобри години не би го победил Мухамед Али!

Мајк Тајсон во минатото важеше за еден од најопасните борци во рингот, а многумина го сметаат за незпирлив, меѓутоа тој смета дека против еден боксер никогаш не би можел да излезе на крајот.

Тајсон призна дека постои боксер кој не би можел да го победи ниту во неговите најдобри години во рингот, а тоа е легендарниот Мухамед Али.

„Не постои човек како него. Тој беше вистинско животно во рингот, изгледаше незапирливо. Али беше најдобар боксер. Никој не може да го победи. Дури и во моите најдобри години, не би можел да го победам, нема шанси“, кажа Тајсон.