Реал Мадрид ќе потроши 60 милиони евра за наследникот на Модриќ

Шпанскиот гигант Реал Мадрид веќе размислува за наследникот на Лука Модриќ, а изборот паднал на Мартин Зубименди од Реал Сосиедад.

„Диарио Ас“ пишува дека Зубименди е главна желба на „кралевите“, кои се подготвени да платат 60 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Арсенал, исто така е заинтересиран за Зубименди, но на крајот би можел да остане со празни раце поради интересот на Реал Мадрид.

Зубименди во кариерата настапи на 226 натпревари за Реал Сосиедад, од кои 38 беа оваа сезона во сите натпреварувања, при што постигна два гола и две асистенции.