Роналдо по четврти пат влезе во Гинисовата книга на рекорди

Португалија вчера се пласираше во полуфиналето во Лигата на Нации откако во продолженијата со победа од 5-2 ја елиминраше селекцијата на Данска.

Кристијано Роналдо во натпреварот имаше еден гол и еден промашен пенал, меѓутоа пред натпреварот му беше доделено и признание за влегување во Гинисовата книга на рекорди.

Имено, Португалецот со Португалија пред вчерашниот натпревар имаше 132 меѓународни победи во репрезентативната кариера што е најмногу во историјата на фудбалот.

Со оглед на тоа дека Роналдо во иднина овој рекорд само ќе го подобрува, по натпреварот со Данска е на 133 победи. За Роналдо ова беше четврти пат да влезе во Гинисоватак нига на рекорди откако од претходно тој е: Најдобар стрелец во меѓународниот фудбал, прв играч кој постигнал 100 гола во Лигата на шампионите и најследен човек на Инстаграм.