ФИФА објави колку ќе заработи победникот на Светското клупско првенство

Првото Светско клупско првенство кое ќе се игра ова лето ќе донесе и богати награди за учесниците, победникот од ФИФА ќе добие повеќе од 100 милиони долари, потврдија организаторите.

Ќе потсетиме, Светското клупско првенство ќе се игра оваа година во САД од 15 јуни до 13 јули и во него ќе учествуваат 32 екипи, а системот ќе биде ист како на Мундијалите.

Значи, ќе има осум групи по четири тима и двата најдобри ќе продолжат во осминафиналето.

Ждрепката се одржа на 5 декември и веќе групите се познати, со тоа што мексиканскиот Леон од „групата Д“ беше исфрлен и таму дополнително ќе биде познат четвртит клуб.

Група А: Палмеирас (Бразил), Порто (Португалија), Ал Ахли (Египет), Интер Мајами (САД)

Група Б: Пари Сен Жермен (Франција), Атлетико Мадрид (Шпанија), Ботафого (Бразил), Сиетл (САД)

Група Ц: Баерн Минхен (Германија), Бенфика (Португалија), Бока Јуниорс (Аргентина), Окленд Сити (Нов Зеланд)

Група Д: Фламенго (Бразил), Челзи (Англија), Есперанс (Тунис)

Група Е: Ривер Плата (Аргентина), Урава (Јапонија), Интер (Италија), Монтереј (Мексико)

Група Ф: Флуминенсе (Бразил), Борусија Дортмунд (Германија), Улсан (Јужна Кореја), Мамелоди Сандаунс (Јужна Африка)

Група Г: Манчестер Сити (Англија), Вајдад (Мароко), Јувентус (Италија), Ал Аин (Обединети Арапски Емирати)

Група Х: Реал (Шпанија), Ал Хилал (Саудиска Арабија), Пачука (Мексико), Салцбург (Австрија)