Кирјос победи за првпат по пауза од 896 дена! (ВИДЕО)

Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос ја запиша првата победа во сингл-конкуренција по пауза од 896 дена, откако вечерва славеше со 3-6, 6-3 и 6-4 против Мекензи Мекдоналд на мастерсот во Мајами.

Кирјос во второто коло ќе игра против Карен Хачанов, кој беше слободен на стартот на турнирот, но ова е добар почеток за контроверзниот тенисер затоа што последната победа претходно во сингл-конкуренција ја имаше запишано во октомври 2022 година во Токио.