Тага во авто-мото светот: Почина легендарниот Еди Џордан

На 76-годишна возраст почина Еди Џордан, првиот вистински успешен сопственик на независен тим  во Формула 1.

Во декември 2024 година Џордан објави дека му е дијагностициран канцер на простата кој започнал да се шири и на други делови од телото, а за жал на крај не успеал да ја добие најважната битка во својот живот.

„Со голема тага објавуваме дека почина Еди Џордан, поранешниот сопственик на тимот Формула 1 и телевизиски консултат. Почина мирно и во кругот на семејството во раните утрински часови“, објави неговото семјство.

Во автомото круговите Џордан прво стана познат како возач. Започна во Ирска возејќи Картин, а потоа во 1974 година премина во Формула Форд. Се тркаше и во Формула 3 и Формула Атлетик, кратко стигна и до Формула 2, но беше тест возач на Мекларен во Формла 1.