Загреб на пенали го реши Тримо и го освои третото место на турнирот „Крсте Андоновски“
Двете екипи понудија одличен ракомет на турнирот во Охрид, при што регуларниот дел заврши 24-24, па победникот се решаваше на пенали.
Хрватскиот тим на пенали успеа да слави со 5-3 против Тримо и така го освои третото место.
Во големото финале на турнирот ќе се соочат Вардар и Охрид.