Интер ја распарчи Монца, Чалханоглу даде мајсторски гол (ВИДЕО)

Италијанскиот шампион Интер славеше со 4-1 против Монца на стартот на Серија А, но натпреварот ќе се памети и по мајсторијата на Хакан Чалханоглу.

Чалханоглу во шестата минута го отвори резултатот со прекрасен удар од далечина, по што Монца успеа да израмни преку Варела во 29. минута.

„Нераѕурите“ постигнаа уште три гола во вториот дел, и тоа преку Зиелински, Еспозито и Бисек за триумф од 4-1.

На вториот натпревар, кој се одигра во истиот термин, Комо ремизира на гостувањето кај Удинезе (1-1).

Фото: Facebook/Inter