Пелистер ремизира против Брера, Македонија ЃП го совлада Еуромилк ГП

Денеска од 16.30 часот беа одиграни пет натпревари во Втората македонска фудбалска лига, при што Пелистер ремизира во дербито против Брера Струмица (0-0), додека Македонија Ѓорче Петров го надигра Еуромилка Горно Лисиче со 1-0.

Битолчани ја контролираа играта на теренот во Кавадарци, меѓутоа не искористија ниту една од шансите, додека Брера успешно се бранеше од нападите и на крајот освои бод.

Македонија ЃП во дуелот против Еуромилк славеше со 1-0, додека Камјани го надигра Осоговор со 2-1. До победа денеска стигна и Беласица која со 1-0 го совлада Новаци, а Кожуф со 2-0 му пресуди на Шкупи.

Фото: Пелистер