Мајсторија на Штах за радост на Лидс, Евертон го надигра Кристал Палас (ВИДЕО)

Денеска од 16 часот се одиграа три натпревари во Премиер лигата, при што до триумфи стигнаа екипите на Евертон, Лидс и Ипсвич.

Нотингем и Лидс одиграа израмнет натпревар, но расположен за тресење на мрежи беше гостинскиот состав, а тоа го покажа уште во 25. минута. Вилсон погоди во мрежата на домаќинот, но ВАР-технологијата му го поништил голот поради офсајд.

Лидс, сепак, до триумф стигна во 88. минута кога Штах го постигна единствениот погодок на натпреварот (1-0) за победа на новиот тим на македонскиот репрезентативец Дитмир Хоџа.

Фудбалерите на Евертон го скршија отпорот на гостите од Лондон во 42. минута кога Дјузбери-Хол ја затресе мрежата за водство од 1-0 на „карамелите“.

Евертон постигна и втор гол, и тоа во 53. минута кога Бери стрелаше за предност од 2-0, по што Кристал Палас се закани неколку пати, но не успеа да постигне погодок.

Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Ипсвич и Сандерленд (2-1). Двете екипи постигнаа по еден погодок уште во првиот дел, односно домаќините погодија преку Емерсон, а гостите стрелаа преку Ангуло.

Ипсвич стигна до трите бодови со гол во самата завршница, односно во 90. минута кога Кларк погоди за 2-1.

Фото: facebook/Leeds United